• Име на предметот: Уметничка слика „Птици“- современа уметност, автор Методија Ивановски (роден во Битола). Авторот е еден од членовите на познатата битолска ликовна група ВДИСТ, која ја афирмирала ликовната уметност во Македонија и подалеку.
  • Период/датација: 1962 година
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
  • Материјал/техника: маслени бои на платно
  • Димензии: 57 Х 82 см

Уметничка слика „Птици“- современа уметност, автор Методија Ивановски

Кратка приказна (опис):

На сликата се претставени Птици во лет.
Птиците се насликани од средината на сликата до нејзиниот краен дел од десно.
Оваа слика е интересна по тоа што авторот не обрнувал внимание на точниот и реален изглед на птиците туку на нивниот лет. На сликата се претставени три птици во лет а во горниот и долниот дел од десната страна има круг што би требало да го симболизира сонцето, под тој круг е полу круг што би требало да ја претставува месечината.
Во долниот лев дел на сликата е претставена само глава и мал дел од горниот дел на птицата.
Убавината на оваа слика е во слободата на изразувањето на авторот, избегнувајќи ги реалните детали за претставата на птиците, тој ни ја прикажува целосната динамика на летот, енергијата, начинот на слободното движење низ небото. Тоа го постигнува со малку елементи, главно со снажни и дебели линии. Целата слика е насликана со минимална употреба на повеќе бои, тоа се вика монохроматичност, што значи употреба на две до три бои кои во случајот се намерно така поставени за да може да доминира само чувството на динамиката и убавината на летот.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола