Спомен музејот посветен на великанот на Македонското ослободително движење се наоѓа на ул. „Стевче Патако“ бр.11 Битола. Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Главната негова цел при овој престој му беше да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓаше во Битолскиот централен затвор.
Во 1987/88, по извршената темелна реконструкција на објектот и изработениот елаборат, по повод 85 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, на 4 мај 1988 година свечено беше промовирана постојаната музејска поставка.
Поставката содржи две изложбени простории со вкупна површина од околу 37 м2 , од кои во првата просторија е сместена содржина “За животот и револуционерната дејност, на првоапостолот на македонското ослободително дело”. Во оваа просторија како континуитет на Гоцевата револуционерна дејност со бројни документи и фотографии прикажана е состојбата и настаните во Битолскиот револуционерен округ. Од бројните поместени експонати во оваа поставка значајно место зазема револверот подарен од Гоце Делчев на Михаил Ракиџиев, сопственик на куќата и член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ.
Во оваа поставка изложен е и оригинален експонат од 1905 година, (вез од ситни мониста во разни бои со претстава на еленче што пие вода), кое е посветено и подарено на Михаил Ракиџиев од затворениците кои за иста цел се наоѓаа со него во Централниот битолски затвор.
Во составот на поставката, во соодветна просторија, поставена е витрина со симболите на револуционерната заклетва на Организацијата како и оружје од Илинденскиот период.
Како составен дел на оваа музејска поставка, во собата во која престојувал Гоце Делчев и во која се одржувале состаноците, задржан е ентериерот со амбиентот во оригинална состојба. Исто така во оваа соба, за да се наслика автентичноста на времето, поместени се материјали од тие години.

Спомен музејот посветен на великанот на Македонското ослободително движење се наоѓа на ул. „Стевче Патако“ бр.11 Битола.

Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Главната негова цел при овој престој му беше да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓаше во Битолскиот централен затвор.