Оваа публикација претставува каталог од меѓународниот проект и изложба Традиционалната архитектура во Битола и Битолскиот Регион, со која НУ Завод и музеј гостуваше во Берат, Албанија во октомври, 2018.
Традиционалната архитектура заслужува да биде подетално проучена и заштитена , со цел осознавање на историско-архитектонскиот развој на градот и руралните населби во околината, како наш долг кон идните генерации. Интересот за неа и грижата за нејзината заштита во Битола и околината е сведена само на нејзино техничко и фотодокументирање, што не го спречува процесот на нејзино забрзано исчезнување.
Оваа публикација не е само тенденција за спасување од заборав на традиционалната архитектура како значајно културно наследство кое повеќе или помалку е осудено на пропаст, туку и поттик за создавање на нови креации под инспирација на традицијата.
You must be logged in to post a comment.