Сад, 19 век
…
Традиционалниот македонски накит и неговата изработка се израз на едно од највисоките уметнички достигнувања на македонските мајстори. Немајќи посебна шема за изработка, секој мајстор ја користел единствено својата фантазија и креативност во неговата изработка.
Мотив “копито“, извезен со волнени конци во бордо, зелена и портокалова боја. Мотивот е застапен по целата површина на ракавот на кошулата, поставен во четири редови нагоре.
Килимот е изработен од волна, ткаен на разбој. Исткаен е во три поли кои се составени. Годината на изработка е исткаена на самиот килим во горниот дел. Во основата е исткаен во темно сина боја, бордурата е во црвена боја.
Резбаните тавани претставуваат еден од најзначајните и можеби највпечатливи елементи од куќниот инвентар на битолската градска куќа.