Уметничка слика „ Наколна дојранска колиба“- современа уметност, автор: Мустафа Асим
…
…
Портрет на партизан: насликан до горниот дел на градите. На главата носи качкет со петокрака на предниот дел и полукружен визир. Капата му го покрива челото.
Портрет на помлад човек, насликан до половина, облечен во долга блуза со околувратник. Кратко истрижена коса со патец од десната страна на главата.
Портрет на девојче, седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата).
Сликата спаѓа во доменот на таканареченото - апстрактно сликарство: во нејзината десна половина, насликани се две геометриски фигури - слободно и снажно.
Пејзаж насликан не реалистички туку со помош на геометриски тела: на крајната лева страна од сликата , кон нејзиниот горен дел е насликана топка што претставува крошна од дрво. Под неа се два тенки цилиндри - стеблото на дрвото.