Брош, крај на 19ти – почеток на 20 ти век
…
Поранешната зграда на касарната Стив Наумов во Битола денес НУ Завод и музеј е сместен на крајот од пешачката зона која почнува од Старата битолска чаршија и води кон Широк сокак и продолжува кон градското шеталиште и археолошкиот локалитет Хераклеја.
Фосилните заби од мастодонт се пронајдени во 2009 година во рудникот за јаглен Суводол, РЕК Битола. Пронајдени се четири фрагменти на фосилни заби од долна вилица кои припаѓаат на мастодонт кој се нарекува и праисториски слон.
Фрагмент од стомак од поголем керамички сад со топчест облик. Украсен со врежување со тап предмет. Средишниот дел е изработен со врежување на триаголници странично поставени чија внатрешност е исполнета со мрежеста декорација изведена со бела боја.
Жртвеник, керамички модел на куќа, со правоаголен реципиент, подигнат на четири ногалки. Просторот помеѓу ногалките е изработен со назабена декорација. Двете челни страни доминираат и се со триаголна форма, нивните ивици се декорирани со врежани коси линии, нивниот средишен простор е пробиен со по еден мал триаголник.
Антропоморфен модел на куќа во форма на коцка. На оџакот е претставено женско тело до половина, покривот од куќата е нејзиното здолниште, а самата куќа утробата.Лицето е мало, триаголно и шематизирано, очите се вржани хоризонтални линии, меѓу нив се наоѓа минијатурен нос.
Антропоморфен модел на куќа со правоаголна основа, со отвори на сите четири страни кои се форма на буквата Т обратно поставена. Покривот е поставен на две води на чиј врв е поставен оџакот.
Во состав на секој римски театар биле поставувани симболите на истиот – трагична и комична маска. Трагичната маска прикажува тажен изглед, а комичната маска се смее.
Светилка е направа која го држи и согорува горивото, обично масло, како средство за добивање на светлина.
Портрет на Свети Никола. Светецот е насликан во средината на сликата - иконата. Насликан е до горната половина на телото.
Традиционалниот македонски накит и неговата изработка се израз на едно од највисоките уметнички достигнувања на македонските мајстори. Немајќи посебна шема за изработка, секој мајстор ја користел единствено својата фантазија и креативност во неговата изработка.
Фреската е централна слика во црквата. Насликана е над олтарниот дел и е најзначајна по местото и симболиката што ја содржи.
Портрет на Ангелот Михаил. Насликан е во целата големина. Свртен е кон десната страна. На главата има кружен ореол. Главата му е насликана во полупрофил.