Детал од килим

Килимот е изработен од волна, ткаен на разбој. Исткаен е во три поли кои се составени. Годината на изработка е исткаена на самиот килим во горниот дел. Во основата е исткаен во темно сина боја, бордурата е во црвена боја.

0 Comments

Мери Л. Метјус и Американското училиште за девојки во Битола 1888 – 1920

Мери Метјус предавала во училиштето и го надгледувала сиропиталиштето во периодот по Илинденското востание, се грижела за нејзините ученици и учители и успеала да ги одржи во добра здравствена состојба за време на големиот број на епидемии.

0 Comments

Уметничка слика „Портрет на девојче“ – современа уметност, автор Никола Мартиноски

Портрет на девојче, седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата).

0 Comments

Уметничка слика „ Пејзаж“- современа уметност, автор Борислав Траиковски, Битола

Пејзаж насликан не реалистички туку со помош на геометриски тела: на крајната лева страна од сликата , кон нејзиниот горен дел е насликана топка што претставува крошна од дрво. Под неа се два тенки цилиндри - стеблото на дрвото.

0 Comments