Детал од вез од ракав од женска кошула – почеток на 20 век
Мотив “копито“, извезен со волнени конци во бордо, зелена и портокалова боја. Мотивот е застапен по целата површина на ракавот на кошулата, поставен во четири редови нагоре.
Мотив “копито“, извезен со волнени конци во бордо, зелена и портокалова боја. Мотивот е застапен по целата површина на ракавот на кошулата, поставен во четири редови нагоре.
Килимот е изработен од волна, ткаен на разбој. Исткаен е во три поли кои се составени. Годината на изработка е исткаена на самиот килим во горниот дел. Во основата е исткаен во темно сина боја, бордурата е во црвена боја.
Оваа куќа се наоѓа во тесната уличка што води до ОУ „Кирил и Методиј“ и црквата Св.Богородица. Таа има централно поставена порта, низ која се влегувало во долг ходник кој води до дворот.
Резбаните тавани претставуваат еден од најзначајните и можеби највпечатливи елементи од куќниот инвентар на битолската градска куќа.
Мери Метјус предавала во училиштето и го надгледувала сиропиталиштето во периодот по Илинденското востание, се грижела за нејзините ученици и учители и успеала да ги одржи во добра здравствена состојба за време на големиот број на епидемии.
Портрет на партизан: насликан до горниот дел на градите. На главата носи качкет со петокрака на предниот дел и полукружен визир. Капата му го покрива челото.
На фотографијате е претставен Мустафа Кемал Ататурк. Сликата е дел од постојаната поставка во Спомен собата која е сместена на вториот кат на музејот.
Портрет на помлад човек, насликан до половина, облечен во долга блуза со околувратник. Кратко истрижена коса со патец од десната страна на главата.
Портрет на девојче, седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата).
Сликата спаѓа во доменот на таканареченото - апстрактно сликарство: во нејзината десна половина, насликани се две геометриски фигури - слободно и снажно.
Пејзаж насликан не реалистички туку со помош на геометриски тела: на крајната лева страна од сликата , кон нејзиниот горен дел е насликана топка што претставува крошна од дрво. Под неа се два тенки цилиндри - стеблото на дрвото.