Објект на Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола

Поранешната зграда на касарната Стив Наумов во Битола денес НУ Завод и музеј е сместен на крајот од пешачката зона која почнува од Старата битолска чаршија и води кон Широк сокак и продолжува кон градското шеталиште и археолошкиот локалитет Хераклеја.

0 Comments

Фосилни заби од мастодонт

Фосилните заби од мастодонт се пронајдени во 2009 година во рудникот за јаглен Суводол, РЕК Битола. Пронајдени се четири фрагменти на фосилни заби од долна вилица кои припаѓаат на мастодонт кој се нарекува и праисториски слон.

0 Comments

Фрагмент од поголем керамички сад – среден неолит 5800 – 5200 год. п.н.е

Фрагмент од стомак од поголем керамички сад со топчест облик. Украсен со врежување со тап предмет. Средишниот дел е изработен со врежување на триаголници странично поставени чија внатрешност е исполнета со мрежеста декорација изведена со бела боја.

0 Comments

Жртвеник, керамички модел на куќа – среден неолит/ 5800-5200 год.п.н.е

Жртвеник, керамички модел на куќа, со правоаголен реципиент, подигнат на четири ногалки. Просторот помеѓу ногалките е изработен со назабена декорација. Двете челни страни доминираат и се со триаголна форма, нивните ивици се декорирани со врежани коси линии, нивниот средишен простор е пробиен со по еден мал триаголник.

0 Comments

Антропоморфен модел на куќа – Среден неолит, 5800-5200 год.п.н.е

Антропоморфен модел на куќа во форма на коцка. На оџакот е претставено женско тело до половина, покривот од куќата е нејзиното здолниште, а самата куќа утробата.Лицето е мало, триаголно и шематизирано, очите се вржани хоризонтални линии, меѓу нив се наоѓа минијатурен нос.

0 Comments

Жртвеник – модел на куќа

Антропоморфен модел на куќа со правоаголна основа, со отвори на сите четири страни кои се форма на буквата Т обратно поставена. Покривот е поставен на две води на чиј врв е поставен оџакот.

0 Comments

Дел од пафта, 19 век

Традиционалниот македонски накит и неговата изработка се израз на едно од највисоките уметнички достигнувања на македонските мајстори. Немајќи посебна шема за изработка, секој мајстор ја користел единствено својата фантазија и креативност во неговата изработка.

0 Comments